петок, јануари 21, 2022
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАБајден разговарал со Фон дер Лаен, бара да продолжи проширувањето на ЕУ

Бајден разговарал со Фон дер Лаен, бара да продолжи проширувањето на ЕУ

Aмериканскиот претседател Џо Бајден вчера телефонски разговарал со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, и нагласил дека процесот на проширување треба да продолжи со земјите од Западен Балкан вклучувајќи ја и Северна Македонија, објави денеска на својот официјален твитер-налог американската амбасадорка, Кејт Мари Брнз.

„Бајден ѝ нагласил на Фон дер Лаен дека процесот на проширување треба да продолжи со земјите од Западен Балкан вклучувајќи ја и Северна Македонија истакнувајќи го неговото значење за регионалната стабилност, развој и просперитет“, посочи амбасадорката Брнз на „Твитер“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП