29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАЗаев не ги прифати оставките на Филипче и Хасани

Заев не ги прифати оставките на Филипче и Хасани

Премиерот Зоран Заев попладенво одржа прес-конференција на платото пред Владата откога претходно беше објавен извештајот од извршеното вештачење за пожарот во модуларната ковид-болница во Тетово.

Премиерот не ги прифати оставките од министрите Венко Филипче и Илир Хасани велејќи дека тие спасиле илјадници животи со својот досегашен ангажман по што посочи дека затоа им ја дава довербата.

„Нема причини да се лоцира политичка или менаџерска одговорност кај министерот Филипче и заменик-министерот за здравство, Хасани. За евентуалните грешки, ќе се произнесат надлежните органи“, нагласи Заев.

Премиерот истакна дека во наредниот период најважно е да се засилат контролите за да не се случат вакви несреќи во иднина.

Ваквата одлука доаѓа откако Јавното обвинителство на Република Македонија денеска соопшти дека причината за пожарот бил прегреан кабел на дефибрилатор.

Во пожарот во модуларната ковид-болница во Тетово, кој се случи на 8 септември, загинаа 14 лица. Во деновите по несреќата, минисерот Филипче објави дека од морални причини понудил пишана оставка до премиерот.

Кон неговата постапка се приклучи и заменик-министерот за здравство, Илир Хасани, а оставки поднесоа и директорот на Клиничката болница во Тетово, Фљорим Бесими, и економскиот директор на болницата, Артан Етеми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП