28 март, 2024
ПочетнаКОРОНАНад 8.000 деца од основните и средните училишта ќе бидат тестирани за...

Над 8.000 деца од основните и средните училишта ќе бидат тестирани за ковид

Со согласност од родителите, учениците во основните училишта од прво до петто одделение, како и од шесто до деветто одделение и учениците од средните школи ќе бидат тестирани за присуство на вирусот Ковид-19. Во методологијата се опфатени околу 8.200 деца, пропорционално дистрибуирани по општини според број на ученици, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Планирано е скрининот да трае 5 дена и дневно да се тестираат по околу 1.600 деца, во самите училишта каде што мобилни екипи ќе одат на терен и ќе го вршат тестирањето за време на часовите.

„Учениците ќе се бираат по случаен избор од регистарот на Е дневник, а родителите ќе треба да потпишат согласност за учество на тестирање на децата. Доколку некој од родителите одбие, ќе има заменски примерок од каде ќе се избира следното дете за тестирање“, рече министерот.

Децата од посебните училишта и училиштата каде просечниот број на ученици во одделение е помал од 10 деца ќе бидат исклучени од овој процес од причина што станува збор за помали рурални места каде што учат многу мал процент од сите ученици и во места каде што инциденцата на вирусот е многу ниска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП