недела, 29 јануари 2023
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАХоландија и Шведска ги олеснија условите за влез на вакцинираните граѓани од...

Холандија и Шведска ги олеснија условите за влез на вакцинираните граѓани од Македонија

Холандија и Шведска ги олеснија условите за влез на вакцинираните граѓани од Македонија, соопшти Министерството за надворешни работи.

Со последната одлука на Холандија се укинува задолжителниот карантин од десет дена за оние патници што се целосно вакцинирани, без разлика дали доаѓаат од групата високоризични земји, каде што спаѓа и Македонија.

Повеќе информации за условите за влез во Холандија се објавени на wijsopreis.nl и reizentijdenscorona.rijksoverheid.nl.

Во исто време и Шведска ја укина привремената забрана за влез во земјата. Со најновата одлука усвоена од Владата луѓето што патуваат во Шведска и кои може да презентираат сертификат за вакцинација издаден во Северна Македонија, Сан Марино, Швајцарија, Турција, Украина или од Ватикан се ослободени од забраната за влез и од условите за тестирање.

Инаку, според одлуката на Европската комисија, сертификатите за вакцинација издадени во овие земји се еквивалентни на дигиталниот ковид-сертификат на ЕУ, што значи дека таквите сертификати може да се проверат и потврдат на ист начин со користење на истите технички системи како и сертификатот на ЕУ.

Од МНР велат дека соодветно на високата стапка на вакцинација слични олеснителни мерки што би се примениле набргу најави и Белгија, и тоа почнувајќи од 1 октомври. Покрај проширувањето на употребата на ковид-сертификатот, од Белгија најавија и намалување или целосно укинување на обврската за носење заштитни маски.

На следниот линк подетални информации за протоколите на патување во сите држави во светот: https://mfa.gov.mk/mk/page/1706/informacii-za-covid19

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП