25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕАко ја имате оваа крвна група, вие сте меѓу среќните! Ќе живеете...

Ако ја имате оваа крвна група, вие сте меѓу среќните! Ќе живеете подолго и ќе бидете поотпорни на сите болести!

Отпорноста на телото на бактерии, инфекции и разни болести е одредена од многу фактори, вклучувајќи ја и крвната група.

Носителите на одредени крвни групи имаат поголеми шанси да се справат со нападите врз нивното тело, и во таа смисла, носителите на крвната група 0 најдобро поминуваат.

Имено, долгорочните студии покажаа дека крвната група 0 е најсилна меѓу сите крвни групи. Докажано е дека носителите на оваа крвна група се поотпорни и имаат помал ризик од развој на кардиоваскуларни заболувања, како и мозочни удари, срцеви напади, ретко страдаат од болести поврзани со меморијата, и докажано е дека тие најмалку можат да заболат рак на желудник и панкреас, како и од голем број други видови на рак. Тие едноставно, се најмалку подложни.

Поради отпорноста на телото на болести, луѓето кои имаат крвна група 0, во споредба со другите, живеат најдолго.

А зошто е тоа така?

Една од најважните причини е фактот дека крвната група 0 содржи помалку молекули кои предизвикуваат згрутчување на крвта, а мозочен удар и срцев удар се предизвикани од слаба коагулација на крв. Работите што се добри за срцето се добри и за мозокот, бидејќи многу од факторите на ризик кои предизвикуваат кардиоваскуларни заболувања се слични на ризиците од развој на ментални заболувања.

Што се однесува до тоа која крвна група е „најслаба“, тешко е конечно да се одреди, иако експертите велат дека тоа е крвната група А, бидејќи истражувањата покажале дека носителите на оваа крвна група се најмалку отпорни на маларија и некои други заразни и системски заболувања.

Според тоа, можеме да кажеме дека крвната група А е послаба од сите други.

Студијата исто така покажа дека носителите на крвната група 0 живеат во просек подолго од сите други носители на крвни групи, па логичниот заклучок е дека за тоа е одговорен нивниот отпор кон бројни болести и медицински состојби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП