20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНајмоќното етерично масло против болки

Најмоќното етерично масло против болки

Етеричното масло од билката смиља помага во ублажувањето на болките без никакви нуспојави. Тоа е силен аналгетик и има посилно дејство од одделни фармацевтски производи.

Билката смиља доаѓа од Европа и расте во само неколку подрачја. Ова медитеранска билка расте на камењата кои се изложени на сонце, а цвета од јуни до јули.

Имајте на ум дека станува збор исклучиво за етерично масло од билката смилја чиј назив на латински е Helichrysum italicum.

Етеричното масло од смиља не е токсично и не предизвикува иритации. На кожата можете да го нанесувате директно, без разредување.

Здравствени предности

– го намалува воспалението и ги елиминира токсините

– ја подобрува регенерацијата на клетките

– ги опушта мускулите и лигаментите

– спречува појава на крвни згрутчувања и модринки

Лицата заболени од артритис или со воспаление на мускулите, лигаментите или тетивите, можат успешно да го третираат својот проблем со ова масло.

Како се користи етеричното масло од смиља?

Акутна болка

Доколку имате изгореници или сте го превиткале зглобот, нанесете неразредено етерично масло од смилја директно на изворот на болката. Кога болката ќе се намали, разредете го со 20 процентно масло од јојоба и нанесете го на проблематичното подрачје.

Хронична болка

Ако станува збор за хронична болка, разредете 5 проценти од етеричното масло со масло од јојоба. Помешајте 40 капки етерично масло со една капка масло од јојоба и ставете го на болното место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП