19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАШерпа го одбележа светскиот ден на туризмот со промоција на авантуристичкиот туризам

Шерпа го одбележа светскиот ден на туризмот со промоција на авантуристичкиот туризам

По повод светскиот ден на туризмот 27 септември, здружението Шерпа-коњички клуб Бистра, Галичник, организира настан со цел да го промовира авантуристичкиот туризам во земјава,  посебно организираното  јавање коњи на прекрасните предели на Галичник.

Според Васко Величковски од Шерпа, станува збор за едно навистина уникатно туристичко искуство, наменето за оние со авантурустички дух, и сите оние кои сакаат што повеќе време да престојуваат во природа. „Имаме организирани тури на јавање коњи со специјално обучени инструктори, кои посетителите ги водат низ прекрасните предели на Мавровскиот национален парк на 6 различни нови дестинации на планината Бистра, пропратно овозможувајќи им да вкусат традиционална македонска свежа храна, да кампуваат во природа, да видат како се произведува познатото галичко сирење и многу повеќе. Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК) беше меѓу првите  што го препозна туристичкиот потенцијал на здружението Шерпа и финансиски го поддржа, поттикнувајќи и нови поддржувачи како Германското друштво за меѓународна соработка ГИЗ и Швајцарската програма ИМЕ, на што сме посебно благодарни“, истакна Величковски.

На настанот присутните беа информирани за безбедносните протоколи и сигурноста при јавање коњи, како и за идните планови на Шерпа-коњичкиот клуб, за потенцијалот на овој тип на туризам, со кој нашата земја станува автентична туристичка дестинација.

Странските туристи се меѓу најбројните изминативе години, бидејќи се свесни за уникатноста на овие тури. Но, според Шерпа, со поголемо запознавање на овие можности и домашните туристи добиваат интересна опција посебно за време на викендите. Можност за интересно семејно доживување на место со прекрасна глетка, во мир и изобилие на преубава природа, посебно забавно за децата и младите кои за прв пат имаат можност да јаваат коњи!  ВИДЕО https://vimeo.com/459002649

Претставниците на Шерпа изразија благодарност до Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК), кој даде финансиска поддршка и помогна да се збогати понудата за активен рурален туризам во Галичник. Проектот е финансиран од страна на Европската Унија и од Владата на Република Северна Македонија, го администрира Светска Банка, а истиот се спроведува од Кабинет на Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции. Целта на овој проект е да го зголеми  учеството на туризмот во локалниот економски развој преку подобрување на инфраструктурата, унапредување на капацитетите за сместување и угостителство, збогатување на туристичката понуда и зголемување на конкурентноста на туристичкиот сектор.

Дознајте повеќе на: https://lrcp.mk/

Не ви треба ПСР тест, ниту Ковид сертификат, треба само да се има авантуристички дух, ентузијазам и желба за истражување. https://www.horseriding.com.mk/

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП