Времето денеска ќе биде сончево, а од пладневните часови и особено на северот облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер кој вдолж Повардарието ќе биде југоисточен. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната од 27 до 33 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 31 степен.

