1 мај, 2024
ПочетнаКОРОНАОд утре почнува вакцинацијата со трета доза во Македонија

Од утре почнува вакцинацијата со трета доза во Македонија

Од утре, граѓаните кои имаат над 60 години, здравствените работници и лицата со имунолошки болести, со потврда ќе можат да примат трета доза од производителот „Фајзер“ против коронавирус.

Ова го истакна министерот за здравство, Венко Филипче, кој денеска ја поддржа кампањата „Напред розово“.

„Граѓаните над 60 години согласно временскиот период после примената втора доза на вакцина ќе добијат порака да се вакцинираат. Нема да има посебен термин или пункт, туку тие ќе може да одат каде било најблиску до местото на живеење“, рече Филипче.

Во однос на скринингот во училиштата министерот истакна дека најверојатно ќе почне за две недели. Како што рече, целта е да се откријат евентуални асимптоматски носители на вирусот, знаејќи дека децата се најчестите асимптоматски преносители.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП