19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКога овој орган е загрозен - и вашиот живот е загрозен!

Кога овој орган е загрозен – и вашиот живот е загрозен!

Црниот дроб е најголемиот орган во човечкото тело, анатомски едноставен, но функционално многу сложен. Се наоѓа во десниот горен дел на абдоминалната празнина и е претежно заштитен со ребра. Се состои од лев и десен лобус.

Црниот дроб помага во варењето на храната, складира енергија и ја распределува по потреба, а неговата важна улога е да ги отстрани токсините. Врши повеќе од 500 различни функции во телото.

Болестите на црниот дроб се јавуваат од различни причини, но сите тие можат да го оштетат црниот дроб и да влијаат на неговата функција. Оштетената функција на црниот дроб влијае на целиот организам, па затоа е многу важно да се забележат промените на време и да се консултира лекар, со цел да се избегнат посериозни заболувања и последици на црниот дроб.

Кога црниот дроб не функционира правилно, тоа ќе ви сугерира на неколку начини.

Губење на апетит

Ако имате малку или немате апетит, ова е еден од предупредувачките знаци дека црниот дроб е оштетен.

Ако забележите губење на апетитот, а претходно сте јаделе сосема нормално, обрнете внимание.

Небалансиран сон

Многу работи можат да влијаат на нарушувањата на спиењето, но една студија покажа дека еден од можните виновници за тоа е цироза на црниот дроб.

Цирозата на црниот дроб не е секогаш условена од прекумерна консумација на алкохол, исто како што замастениот црн дроб не е секогаш условен од внесување на поголема количина масна храна.

Проблеми со меморијата

Заборавањето на моментот кога ги оставивте клучевите од автомобилот е една работа, но ако во последно време многу заборавате на работите, може да има причина за тоа.

Кога се појавуваат проблеми со црниот дроб, овој орган не може правилно да ги отстрани токсините од крвта, што може да доведе до нивна акумулација во мозокот.

Постојан замор

Ако се чувствувате уморно а всушност не сте направиле ништо, можно е да станува збор за заболување на црниот дроб. Еден од најневеројатните знаци на оштетување на овој орган е хроничниот замор, покажа една студија.

Чешање и промени на кожата

Еден од првите знаци на оштетување на црниот дроб е чешање на кожата. Се разбира, ова може да се случи и поради сува кожа, но ако овој симптом се појавува често, може да укаже на цироза на црниот дроб.

Се повеќе научници поврзуваат псоријаза и заболување на црниот дроб. Црвените лезии на кожата покриени со бели лушпи се поврзани со механизмот на ослободување на токсини од црниот дроб, кој е „пренатрупан“ или поплавен, па затоа не успева да ги процесира и елиминира проголтаните токсини, освен да ги „исфрли“ на кожата. Овој механизам, сепак, се уште не е научно докажан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП