26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако да ги загреете ладните стапала?

Како да ги загреете ладните стапала?

Ладните денови повремено ги „заледуваат“ вашите стапала?

Прстите ви се грчат, бидејќи циркулацијата ви е ионака лоша. Проблемот е во тоа што не постојат доволно мускули кои можат да ги одржуваат нозете топли, па тие веднаш смрзнуваат.

Со цел барем малку да им олесните, внесувајте во организмот намирници кои влијаат на забрзување на циркулацијата, како што се рибиното масло и ѓумбирот. Намалете ја количината на кофеин, а зголемете ја дозата на цитруси. Магнезиумот е секогаш добро решение, па можете да го внесувате преку свежите намирници, како што се бананата и блитвата, или преку суплементи.

Секоја вечер пред спиење масирајте ги стапалата со масло од рузмарин, а секоја втора вечер потопувајте ги во лаворче. Во едно ставете топла вода, а во друго лаворче ладна вода, и потоа најизменично ставајте ги нозете во првото, па во другото. Важно е постапката секогаш да ја започнувате и завршувате со топла вода. Секој дел од оваа „сеанса“ треба да трае триесетина секунди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП