19 април, 2024
ПочетнаКОРОНАНови 525 заразени со коронавирус, починаа 12 лица

Нови 525 заразени со коронавирус, починаа 12 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 525 нови случаи на коронавирус, 449 оздравеа, а 12 лица починаа, информира Министерството за здравство (МЗ).

Починатите се од Скопје (82, 83 и 87), по две починати лица од Куманово (75 и 65) и Тетово (69 и 38) и по едно починато лице од Прилеп (81), Демир Хисар (71), Кичево (70), Штип (69) и Делчево (60). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, велат од МЗ, во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се уште шест лица, кои починале во периодот од 22.8. до 19.9. Овие починати лица се: по 2 од Тетово и Куманово и по едно починато лице од Кичево и Гостивар. Починатите се на возраст од 56 до 84 години, од кои само едно лице е починато во болнички услови, а другите пет лица се починати во домашни услови.

Во последните 24 часа направени се 3.858 теста. Досега во земјата се направени вкупно 1.269.370 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 189.159, бројката на оздравени пациенти е 170.395, на починати е 6.557, а бројот на активни случаи изнесува 12.207.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП