26 април, 2024
ПочетнаКОРОНАФилипче: Пристигнаа 110.612 вакцини од „Фајзер“ за кои има голем интерес

Филипче: Пристигнаа 110.612 вакцини од „Фајзер“ за кои има голем интерес

Денеска, во земјата пристигнаа 110.612 вакцини од производителот „Фајзер“/„Бионтек“, објави на социјалните мрежи министерот Венко Филипче.

Како што посочува тој, пристигнатите вакцини, за кои има голем интерес кај граѓаните, ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови во земјата со цел да се обезбеди непречен процес на вакцинација.

„Само со вакцинација можеме да го сочуваме личното здравје, но и да дадеме придонес за зачувување на колективното. Вакцините се безбедни и ефикасни и претставуваат единствен начин да се стави крај на пандемијата. Целосната вакцинација ја намалува шансата од заболување од Ковид-19, развивање тешка форма на болеста, хоспитализација и смртен исход“, пишува министерот за здравство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП