24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСеизмолшка опсерваторија „кубури“ со кадар и опрема - последното вработување било...

Сеизмолшка опсерваторија „кубури“ со кадар и опрема – последното вработување било пред десетина години

Пред речиси 10 години за последен пат во оваа институција имало вработување на неопредело време, вели за „Денар“,  Драгана Черних, раководител на Сеизмолошка опсерваторија во Скопје. Вели дека заедно со Министерството за образование прават напори за обезбедување на стручен кадар, но за жал оваа дејност кај младите и не е многу атрактивна.

-Иако Сеизмолошката опсерваторија постојано вложува напори заедно со Министерството за образование и наука да обезбеди соодветни стручни кадри и соодветна сеизмиолошка опрема која е во склад со најновите достигнувања на ова поле, за младите нашата дејност не е многу атрактивна. Последните вработувања на неопределено време беа на крајот на 2012 година, кога се вработија двајца физичари кои дипломираа на студиската програма геофизика на ПМФ во Скопје и едно техничко лице. Оттогаш неколку лица (доктори на науки, од научниот кадар) заминаа во пензија и бевме само три сеизмолози кои ја покриваа целата дејност на Сеизмолошката опсерваторија, вклучувајќи ја и работата во викендите и празниците. Оваа година добивме три вработувања, но на одредено време до крајот на 2021 година, кога се вработија два дипломирани инженери по физика и еден дипломиран географ од насоката географски информациски системи. Со надеж сме дека за следната година за овие лица ќе добиеме вработувања на неодредено време инаку пак ќе останеме само тројца сеизмолози. Во моментов  имаме четири сеизмолошки станици кои се телеметриски поврзани и шест станици со кои се следи индуцираната сеизмичност на водените акумулации Козјак, Лисиче, Отовица и Кнежево, додава Черних.

Вели дека покрај сеизмилошката служба научниот кадар од Сеизмолошката опсерваторија изведува настава на студиската група по Геофизика и метеорологија на инстутот за Физика на ПМФ во Скопје. Но за сето ова да функционира потребни се минимум десетина сеизмолози.

Освен стручен кадар за  добро да се заврши работата, Черних вели дека потребни се и уште миниум четири до пет нови сеизмолошки станици кои ќе помогнат во подобро и подетално изичување на параметрите

-Сеизмолошката опрема мора постојано да се обновува, почнувајќи од сеизмиметри и дигитални запишувачи, па се до компјутерска и придружна опрема. Треба да се води сметка и за одржувањето на објектите, кои се изградени во 60-тите години, вели Черних.

Сеизмолошката опсерваторија, покрај сеизмичкиот мониторинг кај нас и соседството и соодветните научни анализи, таа е и членка на повеќе меѓународни сеизмолошки интитуции, со кои успешно соработува и учествува на научни собири, со намера да биде во чекор со новите случувања во областа на сеизмологијата.

-Тие се неопходни за надградување и развој на сеизмолошката наука во нашата земја. Така, како што веќе спомнав, заедно со солидна техничка опрема и инфраструктура, како и со солидна кадровска екипираност, ние ќе бидеме во многу подобра ситуација да правиме добри анализи и предвидувања што се однесуваат на балканското трусно подрачје, додава Черних

Само за споредба, во Словенија во најнова сеизмолошка опрема вложни се два милиони евра. Само во северниот дел на Грција пак фунцкионираат 15-тина сеизмолошки станици. Националната опсерваторија од Атина има 30-тина сеизмолошки станици. Според Черних, ретките вработувања во оваа институција која е единстевна во земјава се доказ дека можеби за младите оваа дејност не е многу атрактивна. Вели дека сеизмолог не се добива со кратка обука. Тој е дипломиран физичар или геофизичар кој понатаму мора да се усовршува на магистарски и докторски студии кои ги има на ПМФ.

Пред околу пет години, Скопје го погоди силен земјотрес. Тогаш уште еднаш се покажа важноста на оваа иснитуција и тоа дека оваа дејност не треба да биде во фокусот само кога ќе се случи силен земјотрес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП