19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Maersk“ пишува нова страница во историјата на Данска

„Maersk“ пишува нова страница во историјата на Данска

Сопственикот на најголемата светска транспортна линија за контејнери „A.P. Moeller-Maersk“ се движи кон годишен профит што ќе биде еднаков на вкупните резултати во последните девет години, со што ќе напише нова страница во деловната историја на својата татковина Данска, пишува „Bloomberg“.

Комбинацијата на неколку екстремни фактори – вклучувајќи ги и тешкотиите предизвикани од потрошувачката од глобалната пандемија со Ковид-19 го зголеми профитот на најголемата светска бродска компанија. Минатата недела, компанијата ги зголеми финансиските упатства по трет пат во последните пет месеци.

Резултатот на „Maersk“ за 2021-ва година ќе биде рекорд во корпоративната историја на Данска, според коментарот на аналитичарот на „Sydbank“, Микел Емил Јенсен, објавен во вторникот. Профитот ќе биде околу три пати поголем од претходниот рекорд на „Maersk“ од 2014-та година и двојно поголем од резултатот на „Novo Nordisk“ во 2020-та година – највисоко оценетата данска компанија.

Нето добивката за 2021-ва година ќе достигне околу 16,2 милијарди долари, според просечната проценка на седум аналитичари анкетирани од „Bloomberg“ по корекцијата на упатствата на 16 септември. Ова ја надминува просечната проценка од околу 3 милијарди долари дадена на почетокот на годината.

За „Maersk“, сепак, профитот за 2021-ва година се должи на привремени појави и затоа е „малку веројатно“ компанијата, или која било друга данска компанија, да го собори претстојниот рекорд за „многу, многу години напред“, вели Јенсен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП