20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСо само неколку кратки вежби ќе ја намалите можноста од инфаркт

Со само неколку кратки вежби ќе ја намалите можноста од инфаркт

Новото истражување покажа што треба да се превземе за да се намали ризикот од инфаркт кај луѓето со генетска предизпозиција.

И покрај тоа што, се смета дека кога е генетиката во прашање не може многу да се влијае, сепак докажано е дека од помош можат да бидат неколку едноставни активности кои нема да ви одземат многу време во текот на денот.

Резултатите од истражувањето се објавени во магазинот „Journal of the American Heart Association“, а научниот весник се базира на анализи спроведени на околу 500.000 луѓе на возраст од 40 до 69 години.

Научниците заклучија дека со само неколку физички активности може да се зачува 49% од здравјето на срцето кај луѓето кои имаат генетски предиспозиции за добивање инфаркт.

Вежби кои се добри за срцето се:

Брзо движење– едно истражување покажува дека брзото движење во траење од 2 до 3 саати неделно го намалува ризикот од срцев но, и од мозочен удар дури за 30%, а некои стручни лица препорачуваат движење помеѓу 30 и 60 минути до 5 пати неделно. Толку е потребно за да си го зачувате срцето здраво.

Трчање– како и кај движењето пожелно е постепено да започнувате и со трчање, секако прво ќе одвоите 5 минути за загревање. Истражувањата на Универзитетот „ Stanford“ тврди дека континуираното трчање не само што му помага на срцето, туку го успорува и процесот на стареење.

Возење со велосипед– најголемата предност на оваа активност е тоа што го одржувате забрзаниот ритам на отчукувања кај срцето. Научниците препорачуваат најмалку 20 минути возење со велосипед, за да предизвикате позитивни резултати кога се работи за здравјето на овој мускул.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП