10 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАFacebook прави апликација за VIP лицата

Facebook прави апликација за VIP лицата

facebook vip

„Facebook“ сака да ги поттикне познатите и славните со своите обожаватели да делат што е можно повеќе детали од својот приватен живот и тоа со помош на апликација која е направена само за „многу важните“, „VIP“ членови.

Познатите личности, глумците, пеачите, спортистите и останатите ѕвезди ги прифатија друштвените мрежи како еден од каналите за сигурна комуникација со своите фанови.

Меѓутоа, „Facebook“ сега сака да им понуди нешто повеќе и познатите личности да не користат ист „Facebook“ како и „обичните луѓе“.

Во медиумите се појави веста дека „Facebook“ тестира апликација наменета за „VIP“ личностите, како би им помогнало да ги следат случувањата на нивните јавни профили додека не се покрај компјутер.

„Тестираме некои опции дизајнирани за јавните личности кои ќе им ја олеснат комуникацијата со обожавателите“, потврди претставник на „Facebook“ додавајќи дека во тестирањето се вклучени мал број на партнери.

Се претпоставува дека тоа е обид на „Facebook“ да ги поттикне познатите личности да делат повеќе информации од приватниот живот со фановите.

За разлика од „Twitter“ на кој е многу полесно да се следи некоја објава на познатите, на „Facebook“ е можно многу лесно да се изгуби истата.

Па така ова најверојатно е една во низата обиди на „Facebook“ да воведе опција која прво се појави на „Twitter“, а со тоа и привлекување на уште повеќе популарни личности.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП