18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАЗаев: Прашањето за морална одговорност и моја оставка стана банално

Заев: Прашањето за морална одговорност и моја оставка стана банално

Премиерот Зоран Заев изјави дека прашањето за морална одговорност и за негова оставка станува банално.

„СДСМ има квалитетни кадри коишто можат и Зоран Заев и кој било да го заменат, затоа што секој е заменлив и никако нема да дозволам да навлегувам во прашањето затоа што сигурно и вие забележавте дека стана банално ова во сите овие денови“, одговори Заев на новинарско прашање дали значи дека во СДСМ нема кој да го замени затоа што пред некој ден изјавил дека нема да поднесе оставка како морална одговорност за несреќата за да не дојде Мицкоски на власт.

Според Заев, моралната одговорност за несреќата во модуларната болница е испорачана од директорите на болницата во Тетово и од министерот и заменик-министерот за здравство.

„Истрагата да заврши, да ги видиме резултатите од вештачењето и ќе го кажам мојот став“, рече Заев алудирајќи на тоа дали ќе ги прифати оставките или не од директорите на болницата во Тетово и од министерот и заменик-министерот за здравство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП