20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАДЗСИ не констатира недостатоци во модуларните болници

ДЗСИ не констатира недостатоци во модуларните болници

Државниот здравствен и санитарен инспекторат го заврши вонредниот инспекциски надзор и не констатира недостатоци во модуларните болниции, информира Министерството за здравство.

Инспекторат изврши вонредни инспекциски надзори во 18 модуларни болници во Скопје, Штип, Кочани, Струмица, Куманово, Прилеп, Гостивар, Битола, Ресен, Гевгелија, Струга, Охрид, Кавадарци, Велес, Кичево и Дебар.

Во извештајот се наведува дека по однос на санитарно-хигиенската состојба не се констатирани недостатоци.

ДЗСИ наведува дека во сите модуларни болници е истакнато на видно место дека е забранета посета и во моментот на надзор не е затекнато присуство на надворешни лица.

„Секаде има истакнат распоред на дежурства на здравствен персонал; лекари (специјалисти и специјализанти) и медицински сестри чија бројка е различна согласно капацитетот и бројот на хоспитализирани пациенти. Во модуларната болница на ЈЗУ УКИБФС –Скопје по принципот на ротација дежураат лекари – специјалисти интернисти од сите клиники на Универзитетскиот клинички центар. За нега на пациентите се грижат болничари или сестри за нега. За одржување на хигиената се грижат хигиеничари. Вработените во моуларните болници се имунизирани а дел имаат прележано Ковид-19“, пишува во извештајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП