25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАЗа време на викендот облачно време со повремени поројни дождови

За време на викендот облачно време со повремени поројни дождови

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северозападен, а во западните делови засилен ветер од западен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Од таму додаваат дека преку денот ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 25 до 33 Целзиусови степени.

Во Скопје, променливо облачно. Преку денот ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 28 степени.

Променливо облачно ќе биде и в недела, претпладне со локален пороен дожд и грмежи. Услови за локален пороен дожд ќе има и во понеделник. Од вторник ќе преовладува претежно стабилно време со пониски дневни температути.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП