2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен прилив на капитал во нова Европа за 2013 година

Зголемен прилив на капитал во нова Европа за 2013 година

IIF

Приватните инвеститори подготвуваат зголемено инвестирање на пазарите во економиите во развој, вклучувајќи ја и нова Европа, со оглед на нивниот силен раст и континуирано ниско ниво на каматни стапки на развиените пазари, соопштија од Институтот за меѓународни финансии (IIF).

Актуелниот зголемен прилив на капитал на приватните инвеститори во нова Европа, од „IFF“ го припишуваат врз основа на намалување на загриженоста во врска со иднината на еврото.

Примарниот пазар за јавен долг во нова Европа, минатата година достигна рекордно ниво, зајакнувајќи за 30 проценти во споредба со 2011 година, која исто така била рекордна година.

Во споменатиот извештај се наведува дека приливот на приватен капитал на економиите во развој во 2013 година ќе порасне за вкупно 1.118 милијарди долари, што би било зголемување за 3,5 отсто, во споредба со 1.109 милијарди долари за 2012 година.

Во претходните години големиот прилив на капитал на пазарите во развој предизвикал проблеми, поттикнувајќи за јакнење на валутата која потоа поттикнува и меѓусебна валутна војна.

Целата низа на претставници на централната монетарна власт, предупредуваат за спомнатата закана, вклучувајќи ги гувернерите на германската и британската централна банка.

„Монетарните услови во развиената економија и понатаму се исклучително слаби, што е главна причина за пораст на инвестициите во текот на 2012 година. Очекуваме истиот тренд да продолжи и во 2013 година“, изјавуваат од „IFF“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП