3 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНајтесниот стан продаден за 3.25 милиони долари

Најтесниот стан продаден за 3.25 милиони долари

stan

Најтесното живеалиште во Њујорк било продадено за 3,25 милиони долари, според податоци на „The New York Post“.

Историскиот имот – познат под името „The Millay House“ се наоѓа на „Bedford Street“, а скоро две години беше на пазарот. Широчината на имотот однадвор е само 2.92 метри, а внатре тој е широк 2.56 метри.

stan1

Имотот е изграден во 1873-та година и досега имаше неколку познати сопственици, меѓу кои децата на авторката Ана Макговирн, како и добитничката на наградата „Пулицер“, Една Милеј.

stan2

И иако имотот е во износ од само 92 квадратни метри, тој располага со три спални, две купатила, дизајнирана кујна и четири камини. Врз основа на продажната цена за еден квадратен метар од станот биле платени 353.000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП