27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНашиот Бранко Стојкоски избран за еден од 40-те најуспешни лидери во Југоисточна...

Нашиот Бранко Стојкоски избран за еден од 40-те најуспешни лидери во Југоисточна Европа

Во вторникот во Истанбул, Турција, беа доделени наградите на Business Elite’s Awards „40 under 40”, каде Бранко Стојкоски, Раководител на експозитура на НЛБ Банка АД Скопје, беше награден меѓу 40-те најуспешни лидери во Југоисточна Европа до 40 години. Водител на церемонијата беше познатиот турски актер и изведувач Јусуф Емини.

„Чест ми е да застанам тука покрај сите вас и да ја прифатам оваа награда. Благодарам на Business Elite’s Awards за оваа награда, а особено ѝ благодарам на мојата компанија НЛБ Банка и на тимот кој ми ја дава својата поддршка сите овие години“, изјави Бранко.

Business Elite’s Awards претставува престижна програма за наградување и вмрежување на извонредни претприемачи и бизнис лидери, со мисија за проширување и зголемување на деловните можности и меѓународни соработки помеѓу бизнисите.

Наградите „Business Elite’s“ се заштитен знак на Global Top Brand Awards, основани во 1985 година во Торонто, Канада и имаат за цел да ги идентификуваат извонредните поединци ширум светот кои се издвојуваат по својата посветеност и професионален успех.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП