26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКога ја конзумирате оваа намирница го регулирате расположението, сонот, апетитот…

Кога ја конзумирате оваа намирница го регулирате расположението, сонот, апетитот…

Богати со бројни корисни материи, а нискокалорични, главиците кромид се зеленчук кој би требало да се најде на секоја трпеза, истакнуваат експертите.

Во една шоља кромид нема масти, холестерол, има 64 калории и три грама влакна, седум грама шеќер, два грама протеини, 15 грама јаглехидрати. Тука се и околу 10 проценти од препорачаната дневна доза на витамин Ц и Б6, како и манган. Присутни се и мали количини на калциум, железо, магнезиум, фолна киселина, фосфор и калиум.

Антиоксидантите достојно ги претставуваат кверцетин и сулфур. Бројни студии покажаа дека кромидот е одличен во намалувањето на ризикот од рак на дебелото црево, простатата, јајниците и желудникот. Тајното оружје, во овој случај, во оваа намирница се влакната.

Од друга страна, фолната киселина од кромидот може да биде одличен сојузник во борбата против депресија така што ќе ја спречи појавата на хомоцистеин во телото и на тој начин ќе обезбеди лачење на хормоните на среќа – серотонин, допамин и норепинефрин. Со други зборови, јадејќи кромид го регулирате расположението, сонот и апетитот.

Витаминот Ц кој благодарение на кромидот ќе го внесете во организмот ќе учествува во создавањето и одржувањето на нивото на колаген кој кожата и косата ќе ги направи поубави. Без оглед на тоа за кој ќе се определите, дали црвен, бел кромид, млад кромид со перца, сепак најдобро е да го консумирате свеж.

Печените главици кромид можат да бидат и главно јадење комбинирани со неколку видови на зеленчук и салата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП