На Меѓународниот аеродром во Скопје попладнево пристигнаа уште 44 бегалци од Авганистан. Од Владата соопштија дека станува збор за активисти и нивните семејства од организацијата „Тиркиз моунтејн“ (Тurquoise Мountаin).
Организацијата „Тиркиз моунтејн“ е основана во 2006 година од принцот Чарлс. Оваа организација, како што наведуваат од Владата, реставрираше повеќе од 150 историски објекти, третираше околу 165 илјади пациенти во клиниката во Кабул, отвори и поддржа повеќе од 50 мали бизниси во Авганистан, Мјанмар, и други активности.

