28 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАApple го претстави iPhone 13, ги надгради iPad и часовниците

Apple го претстави iPhone 13, ги надгради iPad и часовниците

Apple Inc во вторникот ги претстави новите iPhone 13 и 13 Mini со посветол екран со 5G технологија, додека исто така се најавени промени на iPad и часовниците.

IPhone 13 ќе има нов чип, A15 Bionic, кој ќе има можност автоматски да открие кога камерата на телефонот е ориентирана кон текст, додека уредот ќе доаѓа во пет бои.

Паметниот часовник од серијата 7 ќе има поголем екран и ќе може да се полни побрзо. Почетната цена ќе биде 399 долари и ќе биде достапен подоцна оваа есен.

Компанијата исто така го ажурираше својот iPad Mini со 5G конекција и го редизајнираше, и уредот сега изгледа како поскапите iPad и Pro модели. Apple, исто така, го ажурираше својот основен iPad модел со нова камера за работа и учење од дома. Почетната цена на основниот модел на iPad започнува од 329 долари, а Mini од 499 долари. И двете ќе бидат достапни следната недела.

Акциите на Apple паднаа за 0,5 проценти, во согласност со општиот пад на пазарните цени.

„Се чини дека не е објавено ништо револуционерно, но се разбира, како и обично, тие најавија доволно подобрувања за да предизвикаат барем одреден ентузијазам кај купувачите“, рече Рик Меклер од инвестициската канцеларија на Cherry Lane Investments.

Apple минатата година го претстави својот iPhone 12, со нов изглед и 5G конекција. Оваа година, аналитичарите очекуваат скромна хардверска надградба и поголем фокус на 5G.

Apple Watch стана клучен производ во индустријата за технолошки гаџети кои заедно вредат 30,6 милијарди долари, а неговата вредност во Apple порасна за 25 проценти во последната фискална година, иако профитот од iPhone благо опадна. Аналитичарите веруваат дека корисниците на Apple кои купуваат повеќе од еден производ – како Apple Watch и iPhone – се со поголема веројатност да се држат до брендот и да трошат пари за апликации и услуги на Apple.

Apple се фокусираше на додатоци за фитнес, како што е подобрувањето на начинот на кој часовникот ги бележи велосипедските вежби и заштитата од прашина додека трчате. Компанијата додаде следење на пилатес и скијање и групни вежби кое се осмислени за корисниците да вежбаат заедно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП