26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГугл троши огромни количини на вода а сушите се влошуваат

Гугл троши огромни количини на вода а сушите се влошуваат

Компанијата Google има за цел да надомести 20 проценти повеќе вода до 2030 година отколку што користат нејзините канцеларии ширум светот, поради загриженоста за високата потрошувачка на водни ресурси во бараните технолошки индустриски капацитети, особено за време на рекордните суши.

„Ние сме посветени на целта на одговорно управување со водите со цел да наполниме повеќе вода отколку што трошиме до 2030 година и да поддржиме подобра достапност на вода во заедниците во кои работиме“, напиша извршната директорка на Google за одржливост, Кејти Бранд, на својот блог. „Тоа значи дека Google во просек ќе наполни 120 проценти од водата што ја користи во системот“.

Google потроши 3,4 милијарди литри вода во 2019 година. Компанијата одговори на Ројтерс дека мониторингот на стапките на надополнување сеуште не е започнат. Сепак, се додава дека споменатата цел од 20 проценти ја одразува количината потребна за да се постигне нормално ниво во регионите со висок или исклучително висок недостаток на вода.

Google користи вода за да излади еден куп сервери и други единици за складирање на податоци, како што се видеата на YouTube и други. Истражувачите велат дека промените се потребни бидејќи климатските промени ги влошуваат сушите низ целиот свет. Центрите за податоци на компанијата, која има седиште во Калифорнија (Mountain View), се наоѓаат низ целиот свет.

Новите мерки вклучуваат собирање дождовница за испирање на тоалетите и финансирање на отстранување на инвазивни растенија жедни за вода. Во Јужна Калифорнија, Google дури помага да се инсталира технологија за откривање на истекување на вода во тоалетот во домаќинствата со ниски приходи, за да се намали потрошувачката и да се одржи циркулацијата на водата преку водоводните системи.

Компанијата ќе продолжи и во иднина да им помага на добавувачите да ги намалат своите трошоци.

Мајкрософт и Фејсбук, исто така, ги истакнаа своите планови да станат „водено позитивни“ до 2030 година, иако не ги истакнаа своите цели во намалувањето на потрошувачката, или враќање на дел од потрошената вода во системот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП