4 мај, 2024
ПочетнаКОРОНАКако последица од Ковид-19 почина 18-годишна девојка од Гевгелија

Како последица од Ковид-19 почина 18-годишна девојка од Гевгелија

Во дневниот билтен на Министерството за здравство за состојбата со короновирусот, денеска беше соопштено дека меѓу 31 смртен случај регистрирани во изминатите 24 часа е и лице на 18-годишна возраст од Гевгелија.

Според неофицијалните информации, пациентката била бремена.

Овие информации не ги потврдуваат од Министерството за здравство, но велат дека таа имала повеќе хронични заболувања.

Таа побарала лекарска помош во доцна фаза од развојот на симптомите, односно била хоспитализирана во многу тешка здравствена состојба.

Според епидемиолошката анкета, целото семејство било позитивно на Ковид-19, а младата девојка не била вакцинирана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП