Какво масло користите во салатите или при подготовка на јадењата? Знаете ли кои масла се добри за вашето здравје? Ние препорачуваме користење на следните седум видови на масла за здраво срце.
1. Бадемовото масло е најздраво од сите видови на масло поради високиот процент на мононезаситени масти. Тоа содржи само седум проценти заситени масти, 65 проценти мононезаситени и 28 проценти полинезаситени.
2. Маслото од авокадо игра клучна улога во заштитата против болестите на непцата и усната шуплина. Содржи 17 проценти заситени, 65 проценти мононезаситени и 18 проценти полинезаситени масти.
3. Маслото од лешник има 82 проценти мононезаситени масти и седум проценти заситени масни киселини и е многу здраво за вашето срце. Исто така има карактеристичен вкус, па може да се користи и во слатки јадења.
4. Лененото масло има ниско ниво на заситени масти – 7 проценти и високо ниво на мононезаситени и полинезаситени масти, и е одличен извор на алфа-линоленска киселина и омега 3 киселина.
5. Ореовото масло е голем извор на омега 3 масни киселнини и омега 6 масни киселини, кои го штитат срцето и помагаат во намалувањето на ризикот од рак. Содржи девет проценти заситени масти и 67 проценти полинезаситени масни киселини.
6. Ладно цедено маслиново масло е најпознато од здравите масла, како и неговата улога за заштита на срцето и јакнење на HDL (добриот холестерол). Тоа го намалува ризикот од рак, а содржи 14 проценти заситени масти и 78 проценти мононезаситени масти.
7. Маслото од семки од грозје е евтино масло, а богато со омега 6 масни киселини, а содржи само 10 проценти заситени масти и 73 проценти полинезаситени масти.