29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНе претерувајте со овој витамин, последиците можат да бидат опасни

Не претерувајте со овој витамин, последиците можат да бидат опасни

Мажите кои земаат големи дози од витамините Б6 и Б12 имаат поголем ризик од добивање на рак на белите дробови, покажа студијата на Охајо Стејт универзитетот.

Истражувањата покажаа дека ризикот е за 30 до 40 проценти поголем кај мажите кои го земаат овој витамин посебно, не преку мултивитамински препарати. Се покажа дека овој ризик се зголеми поради тоа што пушачите внесувале значително повеќе дози витамини од препорачаните, цели авторот на студијата Теодор Браски, епидемиолог на Охајо Стејт.

Тој верува дека станува збор за синергија на високи дози на витамини, пушење и ризик од рак на белите дробови кај мажите. Оние пушачи, мажи, кои земаат највисоки дози од витаминот Б6 имаат три пати поголем ризик од добивање на рак на белите дробови во наредните шест години, во однос на оние кои не користеле суплементи.

Во случајот со витаминот Б12, ризикот е речиси четири пати поголем. Станува збор за нивоа поголеми за 11 пати од препорачаната доза во случајот на Б6 и 23 пати поголема кај витаминот Б12.

Во мали количини, овие витамини учествуваат во неколку витални процеси во телото, вклучувајќи и репликација на ДНК. Но, многу додатоци со високи дози се рекламираат како производи кои ја зголемуваат енергијата. Д-р. Браки вели дека станува збор за чист маркетинг.

Зголемувањето на ризикот од рак на бели дробови не е откриен кај жените, ниту кај оние кои земале Б9, познат како фолна киселина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП