Од регионот пристигнуваат изрази на сочувство по трагичниот настан во тетовската болница, каде животот го изгубија 14 луѓе.
Премиерот на Албанија, Еди Рама на својот Фејсбук објави фотографија со црна лента, во знак на почит кон жртвите од пожарот. Тој изрази длабоко сочувство до семејствата на жртвите од пожарот во модуларната болница во Тетово, а на повредените им посака побрзо закрепнување.

