28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕМоќен напиток од медитерански билки кој топи масти

Моќен напиток од медитерански билки кој топи масти

Од овие зачински билки може да се направи вкусен напиток кој ја поттикнува работата на метаболизмот и ги топи масните наслаги.

Рузмаринот е лековитa медитеранска билка со антибактериско, антивоспалително и антисептичко дејство. Таа е добар извор на витамините А, Б, Ц, Д, Е и К и позитивно влијае на целиот организам, а особено на здравјето на мозокот, црниот дроб и срцето.

Покрај тоа што се додава во разни јадења, од рузмаринот може да се направи и топол напиток како чај кој има посебни благотворни дејства на целиот систем за варење. Доколку го консумирате пред јадење, ќе ги опуштите стомачните мускули, ќе ја намалите надуеноста, ќе ги ублажите гасовите и грчевите.

А ако на таа комбинација и додадете грејпфрут, кој инаку е познат како одличен во борбата против мастите, се добива ефективен напиток кој го забрзува метаболизмот, поттикнува согорување на мастите, особено на стомакот.

Состојки:

– 2 лажици сушен рузмарин

– 3 дцл врела вода

– 1 грејпфрут

Подготовка:

1. Потопете го рузмаринот во врела вода 5 минути.

2. Процедете го рузмаринот

3. Измијте го добро грејпфрутот, исцедете сок од половина плод и помешајте го со чајот од румарин.

4. Преостантата половина грејпфрут исецкјте го на паричиња и додадете го во напитокот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП