25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПо шест месеци на Марс, малиот Ingenuity и понатаму лета

По шест месеци на Марс, малиот Ingenuity и понатаму лета

Требаше само пет пати да лета, но малиот хеликоптер на НАСА на Марс, Ingenuity, веќе направи 12 летови и се уште не е во пензија.

Со оглед на неочекуваниот успех, НАСА ја продолжи својата мисија „на неодредено време“.

Малиот хеликоптер е редовен придружник на роверот Perseverance, чија основна мисија е да бара траги од поранешниот живот на Марс.

„Се функционира навистина добро“, вели Џош Равич, шеф на инженерскиот тим на Ingenuity. „Ни оди подобро отколку што очекувавме”.

Постигнати цели

Сомнежите за способноста на хеликоптерот беа разбирливи. На Марс, густината на воздухот е една стотинка од онаа на атмосферата на Земјата. За споредба, летот со хеликоптер на Црвената планета е еднаков на лет во разреден воздух 30 километри над Земјата.

Воопшто не беше лесно да се стигне до Марс. Имено, Ingenuity мораше да го издржи првичниот шок при полетување од Земјата и потоа слетувањето на Perseverance на Марс по седуммесечното патување во вселената.

Хеликоптерот со тежина од само 1,8 килограми, во новата средина мораше да ги преживее ледените ноќи на Марс, извлекувајќи топлина од соларните панели за да ги наполни батериите во текот на денот. Лета воден од серија сензори бидејќи петнаесетминутното каснење на комуникациските сигнали од Земјата го прави невозможно да се контролира во реално време.

Ingenuity за првпат полета на Марс на 19 април, што е први лет во историјата контролиран од човекот што полета на друга планета различна од Земјата.

Надминувајќи ги сите очекувања, тој беше во воздух уште 11 пати. „Може да издржи посилни ветрови отколку што очекувавме“, рече Равич.

„Мислам дека ги постигнавме сите наши инженерски цели и ги добивме сите информации за кои се надевавме“, додаде тој.

Ingenuity леташе максимум 12 метри во височина. Помина вкупно 2,7 километри, а неговиот последен лет траеше две минути и 49 секунди.

Сега го испраќаат на извидувачки мисии за Perseverance, за да ја препознае рутата што ќе биде безбедна за роверот, но и да најде она што ќе биде интересно, особено геолошки.

Откако помина половина година на Марс, малото летало слично на дрон има се повеќе обожаватели на Земјата и успешно го продава својот лик на маици и чаши.

А како се објаснува неговата долговечност?

„Времето не ни одеше од рака. Температури, ветер, студ, сонце, прашина во воздухот … се тоа можеше да биде многу полошо “, вели Равич.

Во теорија, хеликоптерот треба да биде оперативен уште некое време, но зимата на Марс се приближува и ќе биде многу предизвикувачки.

Инженерите на НАСА, кои сега имаат богатство од податоци за летовите на Ingenuity, веќе работат на негов наследник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП