Доколку немате добар метаболизам, и веќе после една шолја кафе чувствувате вознемиреност, заборавете на овој напиток и прејдете на чаевите. Статистиката покажа дека личностите кои ретко пијат кафе можат да почувствуваат забрзување на срцето.
Умереното консумирање на кафе има повеќекратно позитивно дејство на здравјето. Го намалува ризикот од болести на срцето, инфаркт, шлог, како и појавата на дијабетес тип 2. Сепак, немојте да претерувате. Дневно во просек можете да испиете три-четири шолји кафе, ако ви одговара кафето.

