29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАПроблемот со попишувањето не бил до интернетот, туку до апликацијата

Проблемот со попишувањето не бил до интернетот, туку до апликацијата

Државниот завод за статистика јавно се извини на „Македонски телеком“ за, како што велат, лошо изнесената изјава дека проблемите во попишувањето се должат на паѓање на интернетот.

„Несреќно дадената изјава се должи на недостиг на точни информации“, велат од Заводот за статистика.

Од тука попладнево образложија дека во претпладневните часови се појавиле спорадични и локациски изолирани проблеми при процесот на попишување на населението на терен, кои се должат на апликацијата.

„Во кратки периоди и на одредени локации апликацијата за попишување не функционира и одреден број попишувачи не можеа да попишуваат. Техничките тимови интензивно работеа на отстранување на проблемот и набргу процесот продолжи непречено. Би сакале да потенцираме дека проблемот што се појави не се должи на интернет-конекцијата со која се овозможува попишување, туку ова се можни и нормални проблеми што се резултат на поголем број паралелни сесии“, велат од Заводот за статистика.

Во тие 2-3 часа додека траеле техничките проблеми попишани биле речиси 10 илјади лица на целата територија на државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП