16 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Ericsson“ копнее да го врати пазарниот удел во Кина

„Ericsson“ копнее да го врати пазарниот удел во Кина

Извршниот директор на „Ericsson“ ќе ги засили напорите за враќање на уделот на пазарот, што компанијата го загуби во Кина, откако Шведска ги блокираше кинеските провајдери да учествуваат во нејзините 5G мрежи – потег што го доведе гигантот против Пекинг и влијаеше врз неговиот бизнис со опрема.

Кина во минатата година генерираше околу 10 проценти од приходите на „Ericsson“, но тој удел нагло опадна откако Шведска му забрани на „Huawei“ да се приклучи со своите 5G мрежи поради безбедносни ризици. „Huawei“ категорично ги отфрла овие обвинувања.

„Ericsson“ доби околу 2% од договорот за „China Mobile 5G“, наспроти 11% во минатата година, и доби 3% од акциите во „China Telecom“ и вкупниот договор на „China Unicom“ за 5G.

„Ние сме во Кина 120 години и немаме намера лесно да се откажеме од тоа“, рече Борх Еколм, извршениот директор на „Ericsson“, во интервју за „Reutes“. „Ќе покажеме дека можеме да додадеме вредност во Кина“, додаде тој.

„Ericsson“ лобираше во шведската влада во корист на „Huawei“, предупредувајќи дека акцијата против кинескиот гигант може да доведе до одмаздачки удар од Кина, но забраната сепак беше прифатена, а потоа издржа на суд.

„Да бидам искрен, не верувам дека имавме некаква поддршка од шведската влада“, рече Еколм.

Аналитичарите го предупредија шведскиот „Ericsson“ дека може да загуби повеќе од бизнисот во Кина, бидејќи договорите може да бидат насочени кон финскиот ривал „Nokia“.

Иако „Nokia“, која минатата година не доби договори за мрежа во Кина, сега го доби првиот, а „Ericsson“ досега успеа да ја задржи својата мала предност.

„Ако изгубевме целосно, тоа ќе нѐ доведеше до неприлагодна конкуренција од технолошка гледна точка“, рече Еколм.

Кина е во првите редови во трката за лансирање 5G мрежи, а земјата учествува со повеќе од половина од опремата што се користи на глобално ниво за следната генерација мрежи. Ова го прави особено важен пазар за секој производител на телекомуникациска опрема.

Покрај високата продажба, водството на Кина го прави одлично место за тестирање на понапредни 5G технологии што „Ericsson“ и „Nokia“ можат да ги користат за изградба на мрежи во остатокот од светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП