25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPraktiker продава 51 продавница

Praktiker продава 51 продавница

praktiker1

Поради стечајот во кој се наоѓа синџирот на продавници „Praktiker“ започнува со тотална распродажба во 51 продавници во Германија. Стоката ќе се продаваат со посебни цени се додека објектите не бидат испразнети и тоа најдоцна до крајот на октомври, соопшти администраторот на постапката за стечај, Кристофер Сигел.

Компанијата „Praktiker“ во Германија има 168 продавници. Во другите филијали на „Praktiker“ продажбата ќе продолжи како досега. Исто така се очекува и бројот на 2.500 вработени да не биде намален.

„Овие 51 продавница немаат иднина под капата на „Praktiker“ и „Max Bahr““, вели Сигел.

„Една празна продавница е многу поинтересна за инвеститорите во други сектори”, додаде тој.

Има шанса продавниците да бидат продадени заедно со вработените. Сигел веќе добил и неколку понуди. Што ќе се случи со другите објекти на „Praktiker Group“ уште не е јасно. Различни инвеститори веќе изразиле интерес за целата група или делови од неа.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП