13 мај, 2024
ПочетнаКОРОНАМинистерство за здравство: Смртноста на пациенти со Ковид-19 драстично голема во градовите...

Министерство за здравство: Смртноста на пациенти со Ковид-19 драстично голема во градовите во кои има мал процент вакцинирани

Министерството за здравство информира дека за време на четвртиот ковид-бран, во периодот од јули до крајот на август, епидемиолошките анализи покажуваат дека најголема смртност кај пациенти со Ковид-19 имало во градовите во кои имало најнизок процент вакцинирано население.

Според тоа, во градовите како Гевгелија, Кавадарци, Ресен и Берово, каде што опфатот со вакцинација е помеѓу 54-61 %, бројот на починати е најмал, односно има по еден починат. Тетово го пречека бранот само со 19 % вакцинирани граѓани во јули, таму имаше најголем притисок врз болниците, најголем број хоспитализирани пациенти и најголем број смртни случаи, односно 106 до крај на август. Последните недели драстично е зголемен интересот за вакцинација во Тетово и изнесува речиси 37%. Слична е состојбата и во Гостивар, каде исто така имаше мал опфат на вакцинирано население. Во овој град опфатот на вакцинирани полнолетни граѓани до крај на август е под 30 %, а бројот на починати од Ковид-19 е 73.

„Време е да ги отфрлиме сите заблуди во врска со вакцините и да се придвижиме кон фактите и кон реалните докази, кои всушност ни покажуваат колку тие се значајни и ефикасни. Целта е да го победиме вирусот, а тоа ќе го направиме само со масовна имунизација на целокупното население. Само на овој начин можеме да живееме повторно слободно, без ограничувања и без рестрикции“, велат од Министерството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП