27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАртим Шаќири на кормилото на швајцарски Шафхаузен

Артим Шаќири на кормилото на швајцарски Шафхаузен

Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец Артим Шаќири (48) ќе биде новиот кормилар на швајцарски Шафхаузен, објавија од клубот на својот официјален сајт.

Шаќири ќе го заземе местото на ексшвајцарскиот репрезентативец Мурат Јакин, а Шафхаузен ќе биде петтиот клуб во неговата тренерска кариера. Тој претходно беше предводник на тетовска Шкендија, на албанските екипи Кукс и Фљамуртари, но и на тимот на Пемброк од Малта.

„Му посакуваме топло добредојде на Артим во Шафхаузен и многу радосни моменти и успех во неговиот нов дом“, стои во соопштението од клубот.

Шафхаузен се наоѓа на седмата позиција на табелата со 6 освоени бода по 5 натпревари. Утре Шафхаузен го очекува дуел со тимот на Лозана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП