25 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНајскапиот весник во светот вреди 1.3 милиони долари

Најскапиот весник во светот вреди 1.3 милиони долари

vesnik

Најскапиот весник во светот е едно печатено издание на романскиот „Zimbrulu si Vulturulu“. Во случајот сепак цената од 1,3 милиони долари е платена не за печатеното издание, туку заради марките кои биле залепени на него.

Весникот кој излегол во 1858-та година е испратен по пошта. Поради неговата тежина, било потребно да се искористат осум поштенски марки од типот „Cap de Bour“, кои денес се многу ретки, многу скапи и многу барани од филателистите.

Бесценетиот весник дошол во рацете на аукциската куќа „David Feldman“, кој го продава на колекционерот Џозеф Хекми за речиси 1,3 милиони долари. Тоа го прави не само најскапиот во светот, но и еден од најскапите предмети во филателистичката уметност.

Претпоставуваме дека најверојатно доаѓањето на интернет се причините за сигурен пад во продажбата на весници во светот. Некои експерти дури сметаат дека печатените изданија по многу години ќе можат да се видат само во библиотеките и музеите, слично како ретките книги. Тогаш најверојатно нивната цена сериозно ќе скокне и можно е 1,3 милиони долари да бидат платени за обичен весник, без поштенски марки на него.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП