10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФорбс Топ 10 листа на најплатени тенисери - Ѓоковиќ не е во...

Форбс Топ 10 листа на најплатени тенисери – Ѓоковиќ не е во првите тројца

Престижниот бизнис магазин Форбс објави листа на најплатени тенисери во текот на 2021 година до денес, а она што е интересно е дека светскиот рекет број еден, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ не е меѓу првите тројца на листата.

Вкупниот збир на кој тие се рангирани ги вклучува, покрај заработките од турнирите, заработувачката од спонзорства.

На листата на Форбс за најплатени тенисери, швајцарскиот тенисер Роџер Федерер е на убедливо прво место, со заработени 90,6 милиони долари оваа година. Интересно е што тенисерот има заработено нешто помалку од еден милион од вкупната сума од турнири во 2021 година, пишува Форбс.

На второ место е една од најдобрите тенисерки, Наоми Осака. Таа годинава заработи нешто повеќе од 60 милиони, и како што се наведува, дури 90 проценти од овој приход не е директно од тенисот.

Третото место го зазеде Серена Вилијам, американска тенисерка која заработи 41,8 милиони долари, додека на четвртото место беше српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој заработи вкупно 38 милиони долари, од кои заработи само 8 милиони на теренот.

Што се однесува до спонзорствата, тие му донесоа 30 милиони долари оваа година, што е речиси три пати помалку отколку што има Роџер Федерер од спонзорствата, кој оваа година скоро и да не играше тенис поради повреди.

Најплатените тенисери заработија вкупно 320 милиони долари во годината зад нас, што е за 6 проценти помалку од претходната година, и најмногу заради пандемијата на коронавирус, што влијаеше и на наградните фондови.

Надвор од теренот, истите играчи заработија 281 милион долари, што е за 4 проценти повеќе од претходната година. Меѓутоа, како што се наведува, тоа е луксуз, бидејќи не сите тенисери имале таква привилегија. Со исклучок на најголемите ѕвезди, другите генерално заработуваа помалку отколку во претходните години.

Листата на 10-те најплатени тенисери изгледа вака:

1. Роџер Федерер 90.6 милиони долари

2. Наоми Осака 60.1 милиони долари

3. Серена Вилијамс 41.8 милиони долари

4. Новак оковиќ 38 милиони долари

5. Рафаел Надал 27 милиони долари

6. Кеи Нишикори 26 милиони долари

7. Данил Медведев 13.9 милиони долари

8. Доминик Тим 8.9 милиони долари

9. Стефанос Циципас 8.1 милиони долари

10. Ешли Барти 5.8 милиони долари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП