25 април, 2024
ПочетнаКОРОНАФилипче: Ситуацијата се стабилизира, денеска има под 900 новозаболени

Филипче: Ситуацијата се стабилизира, денеска има под 900 новозаболени

Трендот на намалување на бројот на новозаболени, кој почна минатата недела, продолжуваа и оваа. Министерот за здравство, Венко Филипче, денес извести дека се намалува факторот на преносливост на вирусот, што укажува дека бројките ќе се намалуваат.

„Р-факторот на преносливост е намален на 0,9. Искуството од претходните бранови ни покажа дека првин се намалува факторот на преносливост, па потоа почнуваат да паѓаат бројките и да се намалува притисокот во болниците. Денес бројките се под 900, имаме 880 нови случаи“, рече министерот Филипче.

За големата смртност на пациентите тој, како и многупати досега, рече дека најголем број од починатите се невакцинирани, а имале и претходни заболувања на кардиоваскуларниот систем, белите дробови, долго се лекуваат надвор од болнички услови и доаѓаат во болница со лоши параметри и многу ниска сатурација.

Починатите што биле вакциирани, пак, министерот Филипче тврди дека имале претходни заболувања, како карцином, нерегулиран дијабетес или хируршки интервенции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП