28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНамирници кои предизвикуваат појава на акни

Намирници кои предизвикуваат појава на акни

Оваа храна би требало да ја избегнувате, доколку сакатe да имате чисто и нежно лице…

Сол

Големата количина на сол го запира процесот на хидратација што доведува до отоци, и тогаш телото не може да се бори против акните бидејќи нема доволно сила. Оревите, содржат витамин Е, калциум, железо, односно се што ја подобрува хидратацијата и го одржува нејзиното ниво.

Леб и рафинирани житарки

Сето ова може да го зголеми инсулинот, а тоа ги поттикнува акните да се појавуваат во што поголем број. Кафениот ориз може да биде одлична замена бидејќи содржи доста протеини и витамин Б.

Школки

Морските плодови, школките, раковите, јастозите, сите тие ги затвораат порите и предизвикуваат акни. Туната или сомот се многу подобро решение за вашата кожа. Богати се со омега 3 и омега 6 масни киселини и не ги затвораат порите, па така кожата може слободно да дише.

Млеко

Млекото и сите млечни производи се полни со биодостапни хормони, а кожата така е под голем стрес, особено доколку овие намирници се консумираат во големи количини. Во ваков случај треба да внесете поинакво нешто, нешто како брокула која содржи витамини А, Б, Ц, Е и К, која ја опушта вашата кожа и ја прави да изгледа младо.

Алкохол

Виното, пивото, коктелите, сите тие се супер придружник на забавите, но тие ја дехидрираат кожата, а можат да доведат и до појава на брчки. Авокадото е овде совршена замена. Тоа ја освежува кожата и ја збогатува со витамин Е.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП