18 април, 2024
ПочетнаДИЕТИДИЕТА: Старосна диета

ДИЕТА: Старосна диета

…или диета за вашите години…

Веројатно знаете колку е потешко да се намали вишокот на килограми кога, да речеме, имате 30 години во однос на времето кога сте имале 20. А ако имате над 40 – тешкотиите се уште поголеми. Секоја година вашиот метаболизам се успорува и тоа е причината што, колку сте постари, мора повеќе да водите сметка за диетата која ви одговара баш на вас и на вашите години. Здравата диета и здравиот животен стил стануваат се поважни како годините одминуваат.

Затоа да погледаме што се препорачува за различните животни периоди – можеби ќе добиете причина зошто некоја диета „не ви оди” или килограмите поспоро се топат отколку што сте планирале…

Ако имате 20 – 29 години

Не е вообичаено да постојат сериозни проблеми со тежината во овие години. Може да намалите неколку килограми без поголеми проблеми. Најдобар начин за намалување на килограмите е овошната диета. Овошјето е богато со витамини и е одлично во комбинација со физичката активност. Пектинот, овошната киселина и калиумот – најчести состојки на овошјето – ги согоруваат калориите, го подобруваат метаболизамот и варењето.

Еве ви пример на супер диета со јаболка за вашите години:

Појадок: 1 јаболко и каша од една лажица овесни снегулки преку ноќ потопени во обезмастен јогурт.

Ужина: 1 јаболко

Ручек: Исецкајте едно јаболко на листови, додајте 2 полни лажици спанаќ кој предходно сте го подготвиле на пареа 2 минути и сето тоа прелијте го со сос од јогурт со намалена масленост, една лажичка природен оцет од јаболко и една лажичка вода.

Ужина: 1 јаболко и 3 оревчиња

Вечера: Исецкајте едно јаболко на коцки, исцедете преку јаболкото лимон, а потоа додадете 125 гр рендано сирење со намалена масленост.

Ова диета држете ја три дена, бидете вообичаено активни и може да сметате на намалување од 2 – 3 килограми.

Ако имате 30 – 39 години

Кога ќе ја поминете триесетата година вашиот метаболизам се успорува. Треба да го намалите внесот на калории дури и ако сте физички активни. Не обидувајте се брзо да слабеете. Тоа ќе ве направи неколку години постари затоа што вашата кожа ќе стане опуштена и набрчкана. Колку сте постари толку поспоро треба да слабеете. Ваша цел во овие години треба да биде намалување од 2 – 2,5 кг месечно. Идеалната диета за вас се состои од зеленчук затоа што на овој начин нема да имате „напади на изгладнетос “ и осцилации во тежината. Исто така треба да воведете редовно вежбање, масажа и нега на кожата која ќе ви ја обезбеди нејзината еластичност. Не планирајте вежбање во деновите кога се придржувате до диетата.

Еве еден пример на диета со зеленчук:

Појадок: Измешајте по една лажица овесна каша и корнфлекс , додадете млеко со намалена масленост и 1 рендан морков.

Ужина: 1 краставица

Ручек: 2 варени компири (со лушпа) со голема салата од зеленчук (може да користите било кој зеленчук)

Ужина: 1 црвена слатка пиперка

Вечера:  салата од зеленчук и едно парче ‘ржaн леб.

Ако имате 40 до 49 години

Скоро секоја жена после четириесетите години има проблем со тежината. Мажите се во подобра ситуација па ќе се фокусираме на жените (но и за мажите важат истите диетни услови). Значи, драги мои, вашата мускулна маса се намалува, а масните наслаги се зголемуваат поради хормоналните промени. Најголема количина на храна треба да конзумирате во текот на првиот дел од денот и да имате лесна вечера во раните вечерни часови. Не треба да земате повеќе од 30 проценти масти во вашиот вкупен дневен калориски внес. Користете растителни масла. Јадете риба и морски плодови редовно.

Во овие години вашето тело почнува да ја задржува течноста. Идеална диета за вас е онаа со ориз и ќе ви помогне да го одржите здраво нивото на течноста во организмот.

Еве пример на диета со ориз:

Сварете го оризот (150 гр) и поделете го на 3 порции. Сите порции помешајте ги со додатни протеини и тоа според овој распоред :

Појадок: Ориз со еден јогурт со намалена масленост и лажичка мед.

Ручек: Ориз и 150 гр варена риба или пилешко месо.

Вечера: Ориз со зеленчук на пареа и една лажичка растително масло.

Не додавајте сол затоа што тоа ќе доведе до задржување на течноста во телото. Може да додадете сос од соја затоа што тоа ќе помогне да не доживеете „напади на глад .

За ужина може да конзумирате овошје или 90 гр сирење со намалена масленост.

Ако имате 50 до 60 години

Ако имате повеќе од 50 години, ви треба помалку енергија ( околу 30 проценти) отколку на некој што има 20 години. Јадете 4 – 5 по мали порции дневно. Не се прејадувајте затоа што тоа е штетно за вашето здравје. Ограничете го дневниот внес на сол на 1/4 лажичка дневно. Понекогаш можете да постите но не често затоа што во овие години во постот телото ја губи силата потребна за борба против болестите. Најефикасни супстанци кои ги раствораат маснотиите се ензимите. Ананасот е богат со ензими и со витамин Ц и е одличен помошник на дигестивниот тракт.

Еве ви пример на едноставна диета за овие години:

Јадете 2 кг ананас вклучувајќи и сок. Поделете во 3 порции: појадок, ручек и вечера. Не јадете ништо друго тој ден.

Ако горната диета е многу стриктна за вас,пробајте ја оваа:

Појадок: 1 парче ананас и 90 гр рендано сирење со намалена масленост.

Ручек: половина ананас и 90 гр варено пилешко, риба или сирење со намалена масленост.

Вечера: 1 парче ананас и 1 парче ‘ржaн леб со едно парче сирење со намалена масленост.

Исто така,моќни растворувачи на маснотиите се кивите,јаболковиот оцет и артичоки како и вода од варени артичоки.

Ако имате над 60 години

Во овие години вашата мускулна маса е 15 проценти од вашето тело. Затоа ,ако сакате да ослабете, тоа треба да биде многу споро затоа што брзите диети ги намалуваат протеините во вашата мускулна маса. Главно правило е да не јадете повеќе од 40 гр масти во денот.

Еве лесни диетни замени:

Појадок: 1 парче леб со 1 лажичка јогурт со намалена масленост.

Ручек: наместо 50 гр мелено месо земете 50 гр грав. Ќе имате оптичка илузија на месо но 7 гр масти помалку. Но, ако не можете да живеете без месо, јадете месо со мала масленост, наместо свинското. На тој начин ќе внесете 13 гр масти помалку.

Вечера:  Наместо салама земете парче шунка, (тоа е 10 гр. масти помалку). Ако земете парче од сирење со 30  проценти масти ќе внесете 10 гр помалку масти во споредба со конзумирање на сирење со 60 проценти масти.

Пијте не помалку од 2 литра вода. Тоа ќе ви помогне при варењето и на вашиот метаболизам.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП