28 април, 2024
ПочетнаКОРОНАВо Македонија целосно се вакцинирани над 521.000 луѓе

Во Македонија целосно се вакцинирани над 521.000 луѓе

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 712.338 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 8.530 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.296 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.234.123 дози вакцини, а ревакцинирани се 521.784 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

Со последните бројки 51% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 26% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.

„Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата“; велат од МЗ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП