ЗДРАВЈЕ

Моќен напиток против мамурлак! Направете го сами…

Главоболка, сува уста, исцрпеност, мачнина… Ова се чести последици по новогодишното славење. За среќа, постои домашен лек кој многу помага, а вие можете да го направите сами.

Славејќи ги новогодишните празници многу лица претерале со храната и пријалоците, а последиците од прекумерното уживање во храната и алкохолните пијалоци воопшто не се пријатни.

Затоа, што чекате, подгответе го овој домашен напиток и вратете се „во живот“…

Потребни состојки:

– 2 дл вода

– 2 дл свежо цеден сок од портокал

– ¼ лажица сол

– половина лажица свежо рендан ѓумбир

Измешајте ги сите состојки и напитокот пијте го во помали голтки. Комбинацијата на вода, со витамини и јаглехидрати веднаш ќе ви ја поврати изгубената енергија, ќе ја намали мачнината, ќе го прочисти и освежи вашето тело.