27 април, 2024
ПочетнаКОРОНААнтиваксерите се степаа помеѓу себе на протестот пред Владата(ВИДЕО)

Антиваксерите се степаа помеѓу себе на протестот пред Владата(ВИДЕО)

Демонстрантите се раскараа меѓу себе, а говорниците се степаа на бината, на протестот против новите анти-ковид мерки кој се одржа пред Владата.

Кога една од демонстрантките се качи на бината и се обиде да му се доближи на првиот говорник на протестот, кој себе се претстави како поранешен воен разузнавач, тој агресивно ја истурка од бината, велејќи и „тргни се ма ајде“, а останатите присутни и дофрлаа погрдни зборови.

Веднаш потоа друга демонстрантка се обиде да му го истргне стативот за микрофонот, но не успеа во својата намера.

Кога втората говорничка која се претстави како уметник, го започна својот говор, демонстрантите не престанаа да и дофрлаат „е*и си мајката курво една“, „кажи кој те плаќа“, „остави го листот, па кажи што имаш“.

Првиот говорник кој се претстави како разузнавач, кажа дека не е задоволен од одзивот на денешниот протест и најави поголем протест во недела, на кој ќе присуствувале 20 илјади граѓани.

„Ќе им порачам на овие позади и сите тие во Собрание, 120 човека наспроти два милиона, играте мајтап со народот, ковид вирус. Како што гледам во државава и нигде во светот не најдовме ковид вирус, само во медиумите го има. Медиуми, ако не го пренесете во целост мојот говор, нашето будење ќе се зголеми“, рече говорникот.

Според него, државното раководство зема мито за да ги лаже граѓаните дека постои коронавирусот, а всушност не постоел никаде во светот.

На протестот говор одржаа уште двајца демонстранти, кои зборуваа за разединетоста на народот и светски заговори за кои докази биле одредени документарни филмови на социјалните мрежи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП