19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕБилка која прави чуда: Се верува дека помага при дури 9 болести

Билка која прави чуда: Се верува дека помага при дури 9 болести

Копривата е позната по своите лековити својства, а семето од коприва посебно се издвојува. Колку е помладо растението, толку е поголема нејзината медицинска корист.

Копривата најде широка примена во народната медицина. Се користи целото растение и неговите одделни делови – стебло, лисја, семиња и корени.

Копривата содржи пантотенска, кофеинска, ферулин и п-кумарна киселина, хистамин, ацетилхолин, каротин и други каротеноиди, витамини Ц, К и Б комплекс, фитоциниди, хлорофил, танини и протеини, скроб, железо, калциум, цинк.

-зајакнување на имунитетот – лекување на анемија – инфекции на уринарниот тракт – регулирање на нивото на холестерол – зајакнување на забите и коските – чистење на црниот дроб и крвта – ревматски проблеми и артритис – промовирање на работата на надбубрежната жлезда и ендокриниот систем – зголемување на либидото

Како да се користи?

Најлесен начин да се консумираат семки од коприва е да се измешаат со мед. Во таа смеса можете да додадете и цеден лимон и исецкано костенливо овошје. Покрај тоа што е вкусно, овој витамински микс ќе го подигне вашиот имунитет и нивоата на енергија. Доволно е да се земе една, до две, лажички дневно.

Можете исто така да ги измешате семките во јогурт или смути, доколку не сте љубител на мед.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП