23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСе прави телекомуникациски гигант?

Се прави телекомуникациски гигант?

telekom

„Telekom Austria“ и холандски „KPN“ ги здружија силите во областа на понудата на телекомуникациските услуги на големо и услуги за големите деловни корисници, објавија двете компании.

Во двете европски телекомуникациски компании сопственички удел има мексиканскиот тајкун Карлос Слим. Нивното здружување на инфраструктурата е за да создадат „рбет“ на мрежа на оптички влакна во ширум 35 земји.

„Telekom Austria“ ќе може да ја користи мрежата на „KPN“ за своите корисници, а KPN пак мрежата на „Telekom Austriа“ во средна и источна Европа.

Портпаролот на „Telekom Austria“ не сакаше да го коментира идниот потенцијал на овој бизнис.

Главни точки на мрежна размена на двете компании ќе бидат во Франкфурт, Лондон, Амстердам и Париз, а тие ќе се простираат и на подрачјето на Северна Америка, додека маркетингот и продажбата ќе бидат заеднички.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП