29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПрироден еликсир: Витаминска бомба која лекува анeмија и ја поправа крвната слика

Природен еликсир: Витаминска бомба која лекува анeмија и ја поправа крвната слика

Направете го веднаш, освен што е здрав, многу е и вкусен…

Намалувањето на хемоглобинот во крвта, независно од бројот на црвени крвни зрнца, го намалува капацитетот на крвта да пренесува кислород.

Тоа може да доведе до анемија. Во народната медицина постојат повеќе рецепти за зголемување на хемоглобинот во крвта. Оваа витаминска бомба и лековит еликсир е исклучително добар и проверен лек за зголемувањето на хемоглобинот, зголемување на нивото на крвни зрнца и подобрување на општата крвна слика.

Направете го веднаш, освен што е супер здрав, тој е и вкусен. За подготовка на овој напиток ви е потребно:

– 200 мл мед

– 200 гр ореви

– 200 гр суво грозје

– 200 мл сок од моркови

– 200 мл сок од цвекло

– 2 лимони

Подготовка: Измијте ги лимоните, исечете ги на половина и извадете ги семките. Сомелете ги заедно со кората (ако се прскани отстранете ја кората) и ставете ги во поголема стаклена тегла. Во смесата со мелен лимон додадете го медот и цедените сокови од морков и цвекло.

Промешајте. Потоа во оваа смеса додадете ги и ситно исецканите или мелени ореви и сувото грозје. И повторно се промешајте. Ќе добиете околу 1 килограм вкусна и многу лековита смеса. Чувајте ја во стаклена тегла во фрижидер.

Начин на употреба:

Земајте од сесата по три пати на ден по 1 супена лажица пред секој оброк. Нема несакани дејства, освен зголемување на енергијата. По една или две недели консумација проверете ја крвната слика и пријатно ќе се изненадите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП